Во битолското село Лопатица заврши партерното уредување околу спортското игралиште, со што, локалното население доби повеќенаменски простор за рекреација, одмор и забава.
Претседателот на месната заеднца Јовче Димитриовски, на средбата со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и дел од општинскиот совет, во името на локалното население изрази благодарност и посочи дека во изминатите три години, во ова село се реализирани неколку проекти во насока на поквалитетен живот.
Во рамките на договорот за финансиска поддршка од АФПЗРР, во вредност од околу 6.000.000 денари, со кој се изврши уредување околу спортското игралиште во Лопатица, направен е нов паркинг простор за возила, бехатон патеки, осветлување, поставени се клупи, чешми и детски реквизити. Просторот е соодветно хортикултурно уреден, со што е овозможено ново, пријатно катче за локалното население, особено за најмладите.
Градоначалничката Петровска беше запозната и со останатите потреби на локалното население, по што заеднички ја разгледаа можноста за натамошна нивна реализација.