Грижата за културното наследство, во секоја форма, е главната цел со која е поврзана работата на НУ „Завод и Музеј“ – Битола, а успешноста може едноставно да ја прокоментираме во бројки. Во изминатите неколку години институцијата брои речиси најголем буџет во државата, кој во делот на заштитата се движи над 25.000.000 ден., средства доделени од годишните програми на Министерството за култура. Во изминатите три години успеавме дополнително да обезбедиме преку 350.000 евра од неколку странски фондови, што не било случај со десетици години порано, а можеби и никогаш.Токму еден од тие проекти е до сега најголемиот конзерваторски проект на мозаичните површини и градби во Хераклеа, за кој јавноста наскоро ќе има можност да чуе многу повеќе.
Причините за лошата состојба на дел од мозаиците се многу комплексни и апсурдно е да се тврди дека наведените оштетувања се резултат токму на откривањето на мозаиците. Познавачите на проблематиката многу лесно ги утврдуваат небулозите произнесени во јавноста, без никаква поткрепа и факти.
Ваквиот, само декларативен загрижувачки пристап, од оние кои со години на различни начини го подриваат работењето на институцијата и непотребно ги политизираат работите во форма на беспредметно препишување и непоткрепени реакции, наместо да работат во интерес на заштитата на културното наследство, на институцијата, и на унапредување на стручноста, во најмала рака е невкусен.
Факт е дека во сите установи од заштитата, на безброј проекти, по потреба биле ангажирани млади луѓе, дел од нив деца на вработени, кои имале афинитети за оваа област и кои подоцна се профилирале за професии поврзани со заштитата на културното наследство.
Впрочем и ние, кои сега сме вработени, така сме ја стекнеле љубовта кон професијата. Ангажираните млади од страна на НУ „Завод и музеј“ – Битола, континуирано работеле само затоа што совесно и чесно ја извршувале својата работа и ништо друго. Доколку и до сега се работело несовесно, должност на стручните лица била да се извести и да се отстранат недоследностите, што очигледно не било случај.
Откривањето на мозаиците на Хераклеа согласно стручните стандарди и во зависност од временските услови секогаш се случувала на крајот на април или почетокот на мај, но никогаш од 1-ви јуни, бидејќи на тој начин би изгубиле голем број на посетители, што воопшто не е во прилог на работењето и ефикасноста на институцијата.
Вперувањето на прстот им одговара, само на оние кои ова го иницираат, и на кои во никој случај нема да им дозволам да ме внесат мене и институцијата, во мрежата на лаги и матни игри бидејќи таму едноставно не припаѓам. Тоа е под секое човечко ниво и истото само може ним да им служи на чест.
Индивидуалните заложби за поткопување на работата на институцијата, наспроти колективните напори за разрешување на многу клучни наталожени проблеми, за жал создаваат само негативна енергија. За мојата работа, но и за работата на колегиумот зборуваат заложбите и резултати со кои, за жал, малкумина може да се пофалат, с е веи во соопштениет на Заводот и Музеј Битола.
Воедно би замолила сите политички интервенции, притисоци, декларативна загриженост и сл. политичките партии да ги спроведуваат во институциите и телата каде им е место, додека моето не/стручно работење, како и она на колегите да го коментираат од позиција на стручност, а не политизација. Добро е кога креаторите на лажните вести би имале доблест и храброст, да излезат лично и да се произнесат на темата, како би имале доволно аргументи за покренување на постапка за клевета, пред стручната јавност и институциите на системот.
д-р Мери Стојанова
Директор