Don't Miss
Home / Вести / Обраќање на претседателот Стево Пендаровски

Обраќање на претседателот Стево Пендаровски

Ќе биде ли појасно како ќе продолжи функционирањето на земјата во идните месеци ќе се знае по денешното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски најавено за напладне?

Извесно е дека техничката Влада предводена од премиерот Оливер Спасовски нема да побара нова вонредна состојба или продолжување на четвртата која Пендаровски ја прогласи по Советот за безбедност на 30 мај и завршува на 14 јуни. Чекорите што ги презема Владата со носење на одредени уредби со законска сила, како онаа за продолжување на изборните дејствија, но и вчерашната изјава на министерот за здравство Венко Филипче укажуваат дека тоа овој пат нема да се случи иако во изминатите денови бројките на заразени со коровирусот се над 100 дневно, а само вчера починаа петмина заболени.

Министерот за здравство Филипче вчера на прес-конференција рече дека и покрај зголемениот број на заболени, особено во Скопје, Липково, Штип и некои други места во земјата, не треба да има продолжување на вонредната состојба, туку дека резултати ќе има само доколку има поинтензивни контроли за носењето маски и спречување на групирањето, посебно во вечерните часови.

Владејачките партии СДСМ и ДУИ се на став дека избори треба да има на 5 јули, додека ВМРО-ДПМНЕ не соопштува став за датум. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*