Образовните работници ќе добијат покачување на платите за 7% со мартовската плата, а покачувањата ќе продолжат и во наредните години, што е потврда на нашата посветеност на подобрување на нивниот стандард“, рече пратеникот Лефков.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека предлог-буџетот за 2025 година носи значајни инвестиции во образованието, со што ќе се обезбедат 3 милијарди денари повеќе за оваа клучна област, што ќе донесе подобри услови за учениците и студентите.
Лефков истакна дека капиталните инвестиции во образованието се зголемени за 115 милиони денари, што ќе биде искористено за изградба и обнова на училишта, модернизација на образовната инфраструктура и создавање подобри услови за учениците.
–Ние сме посветени на создавање на современи образовни установи кои ќе им овозможат на учениците да ги постигнат своите потенцијали во најдобри услови-изјави Лефков.
Пратеникот, исто така, најави дека образовните работници ќе добијат зголемување на платите за 7% со мартовската плата, со што ќе се обезбеди континуиран раст на нивните примања во следните години.
–Нашата цел е да го подобриме животниот стандард на сите оние кои ја обликуваат иднината на нашата земја, а тоа се нашите наставници и професори-додаде Лефков.
Во делот за студентскиот и ученичкиот стандард, Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува значајни вложувања, со повеќе од 30 милиони евра за студентскиот стандард, што претставува зголемување од 18% во однос на минатата година, и 12% повеќе за ученичкиот стандард. Лефков посочи: „Ние сме тука за да обезбедиме повеќе можности за нашите студенти и ученици, да ги поддржиме во нивниот образовен пат и да им овозможиме поквалитетно студирање“.
Тој најави и енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, за што се обезбедени 6 милиони евра.
–Реконструкцијата на студентските домови е во тек, и ќе продолжиме да инвестираме во создавање на подобри услови за студентите – рече Лефков и додаде:
-Образованието е наш приоритет и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со вложувањата во оваа област и во иднина-изјави Лефков, потврдувајќи дека образованието и младите остануваат високо на агендата на Владата.
Извор plusinfo.mk
Фото Меѓународен славјански универзитет