Don't Miss
Home / Вести / Обвинение за Бонева

Обвинение за Бонева

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение портив поранешна пратеничка во македонското Собрание која се товари за продолжено кривично дело – измама. Од обвинителството информираат дека станува збор за предметот во јавноста познат како „Друмарина“ за кој истражната постапка ја водеше СЈО.

Потсетуваме, овој предмет се однесува на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, поради измами поврзани со користењето на патните трошоци.

Обвинетата во периодот од 1 јануари 2011 до 16 декември 2015 година, како службено лице – пратеник во Собранието, со намера за себе да прибави имотна корист, сторила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело – измама.

Таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања заради присуство на седници, со што го довела во заблуда овластеното лице да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во вкупен износ од 6.458.551 денари (над 100.000 евра).

Од почетокот на 2011 година обвинетата имала сместување станови во Скопје и не патувала за присуство на секоја седница на Собранието, а лажните фискални сметки биле обезбедени од други лица кои патувале.

Потоа обвинетата овие фискални сметки ги приложувала кон налозите за службени патувања.​

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*