Don't Miss
Home / Вести / Од Битола дистрибуирани 3.600.000 гласачки ливчиња за претседателските и парламентарните избори

Од Битола дистрибуирани 3.600.000 гласачки ливчиња за претседателските и парламентарните избори

         

 Денеска рано изутрина  од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола,  тргна доверливиот гласачки изборен материјал до општинските изборни комисии.

Според првиот човек на Печатницата „Киро Дандаро“, Петар  Милошевски дистрибуирани се  3.600.000 ливчиња, за кои беа потрошени 40 тони на хартија.  Диструбицијата на гласачкиот материјал се одвива според   претходна одобрена  процедура од страна на  ДИК и сите општини во  државата  навреме ќе го добијат избирачкиот материјал, истакна директорот на Печатницата „Киро Дандаро“ Петар Милошевски, кој во изјава за медиумите истакна дека печатењето на доверливиот изборен материјал  траело околу 15 дена и се одвивало   во присуство на стручни лица од ДИК и ОБСЕ .Од тие 15 дена, десет дена се печатеа ливчињата за парламентарните избори, а 5 дена за претседателските.

    Инаку според зборовите на претседателот на ДИК, Александар Даштевски подготовките за  изборите на 8 мај, за вториот круг на претседателските и парламентарните избори   се успешно завршени.

 -Сега многу поефикасно од вообичаено го дистрибуиравме и доверливиот   изборен материјал со кој мора да се внимава  како се дистрибуира. Имаме ангажирано  околу 20   екипи и многу побрзо ќе оди работата и на време ќе биде дистрибуиран  изборниот материјал за да на денот на гласањето немаме никакви проблеми, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски, кој наомна дека изборниотт проце во првиот круг на претседателски избори  помнал во мирна, фер и демократска атмосфера и дека ДИК  за изборниот процес добил пофалби од ОБСЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*