Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, изјави дека до затворање на рокот во седиштето на ВМРО ДПМНЕ пристигнале две кандидатури за претстојниот Конгрес за избор на нов лидер. Сепак, само една канидатура била валидна и е прифатена.
-Пристигнаа две кандидатури, едниот кандидат сам објави дека ќе се кандидира. Предмалку заврши и состанокот на правната комисија и беше утврдено дека само едната кандидатура е валидна, изјави Котевски.