Don't Miss
Home / Вести / Од попладнево ТЕ Битола 1 ќе биде исклучена од мрежата

Од попладнево ТЕ Битола 1 ќе биде исклучена од мрежата

       

Од денес  попладне, па во наредните два дена  Термолектраната Битола 1 на РЕК “Битола“ ќе биде плански исклучена од електроенерегетскиот систем. Краткотрајниот прекин во работењето е со цел зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката.

Потсетуваме уште еднаш дека годинава, со оглед на енергетската криза во државата и Европа, РЕК “Битола“ нема да прави класични ремонти на блоковите, туку ќе ги користи приликите за техничко – технолошки зафати за санација и нега на производствените погони согласно околностите.

Во меѓувреме, продолжува со работа Блок 2 на РЕК Битола.

АД ЕСМ ги обезбедува потребите за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи исклучливо од сопствено производство. Струја не се увезува и не се планира увоз на електрична енергија од странство ниту во следните денови, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*