По референдумското „ДА“, на 8 Септември 1991 година со гласот на народот, се роди независна, самостојна и суверена држава во која што денес живееме.
По тој повод, пред Споменикот на револуцијата кај Центарот за култура во Битола, свежо цвеќе положија градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Сојузот на борците и претставници на политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
„Вековни битки, размисли, идеали, стремежи… Генерации се вложувале во слободата и независноста во која денес живееме. Нека нашите денешни дела се достојни на сета таа големина.
ДА НИ Е ВЕЧНА НЕЗАВИСНОСТА!
ЧЕСТИТ ПРАЗНИК!“, рече градоначалничката Петровска.