Don't Miss
Home / Вести / Одбележана 78-годишнината од депортацијата на Евреите од Битола

Одбележана 78-годишнината од депортацијата на Евреите од Битола

Со полагање цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Битола и на споменикот на Естреја Овадија Мара, од страна на битолската градоначалничка, Наташа Петровска, делегација на Советот на Општина Битола, директорките на здравственот дом „Д-р Хаим Абраванел“ и ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ и претставници на Сојузот на пензионерите, во градот под Пелистер се одбележа 78-годишнината од депортацијата на Евреите во Втората свсетска војна.

– Денешниот ден побудува длабоки емоции кај сите нас како битолчани затоа што нè потсетува на еден трагичен настан од минатото кога нашите сограѓани од еврејската заедница беа депортирани од нашиот град. Одбележувањето на овој ден, што го правиме секоја година, е од единствена причина дека сакаме да се сеќаваме на тој ден затоа што ни значи да се сеќаваме на нашите сограѓани, на еврејската заедница, која постоела во Битола, меѓутоа со тоа сакаме да покажеме кон целиот свет дека се случило злодело што човештвото не смее никогаш да си дозволи да се повтори никаде на планетата – рече градоначалничката Наташа Петровска.

Воедно, преку онлајн-платформата Зум, по повод денот на депортацијата на Евреите, се одржа настан на кој во градот Кирјат Оно во Израел свои пораки на сеќавање за жртвите, како и пораки за мир, испратија градоначалникот на овој град, Израел Гал, израелскиот амбасадор Дан Оријан, Александар Аврамовски од македонската амбасада во Израел и д-р Шели Леви Друмер.

По испраќањето на пораките, заеднички во исто време беа засадени дрвја во Битола и во Кирјат Оно.

Во Битола засадувањето се реализира во дворот на Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“, а покрај градоначалничката Петровска, јапонски цреши засадија и директорката на здравствениот дом, Весна Спирковска, и директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*