Don't Miss
Home / Вести / Одбележани 70 години од основањето на ЈП “Пазари“ Битола

Одбележани 70 години од основањето на ЈП “Пазари“ Битола

    

       

        ЈП “ Пазари “ Битола, кое вработува 42 вработени,  денеска одбележа 70 години од основањето.

         Јубилејот беше одбележан пред Управната зграда на јавното претпријатие.

За 70 годишниот јубилеј зборуваше директорката  на претпријатието Соња Карапашовска.

        Јубилејот имаше и хуманитарен карактер, со тоа што дел од приходот,  кој беше собран  од невладината организација “Слоу фуд“, која имаше отворено штандови за продажбба на производи за здрава храна,  ќе биде дониран во  “Банката за храна“.

        Директорката Карапашовска најави нова реорганизација на јавното претпријатие која ќе придонесе за подобро и поефикасно функцинирање.

        Таа побара да се врати традицијата на  пазарите кои порано во Битола ги имаше во голем број.

        Директорката Карапашовска нагласи дека капацитетите на стариот и новиот пазар во Нова Битола, кои ги задоволуваат капацитетите и потребите на битолчани во овој момент, но истите не се доволно искористени.

        Таа поттикна  и зголемување на хигиената на пазарите.

      На дел од вработените кои  со децении  работеа во ЈП “ Пазари “ им беа доделени благодарници, а благодарници им беа доделени и на пазарџиите, кои се на Градскиот пазар од 1952 година, а сега продавачи се нивните наследници . 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*