Последните денови Битола се “ капе “ во сонце.
Со високите температури битолчани на разни начини се справуваат.
И додека жителите во градот под Пелистер на секој начин се обидуваат да се заштитат од високите температури и што би рекле битолчани “ фаќаат “ џаде да најдат сенка, неколку кучиња во Битола, спасот од жешкото сонце го најдоа на тротоарот покрај ѕидот кај Безистенот.
Ниту бројните пешаци, ни густиот сообраќај не им пречеа на кучињата да уживаат во длабокиот сон.