Во организација на специјализираниот тим за спасување, кој работи во составот на Дирекцијата за заштита и спасување, денеска во Битола се одржа обука и показна вежба на која Тимот за брз одговор за заштита и спасување од Битола,демонстрираше спасување на повредено лице при земјотрес од висококатница во Битола.
Присутните на показната вежба, која се одржа на полигонот за обука во битолската касарна најнапред на присутните им беше објаснeто во какви случаи можат да се користат техники со јаже за спасување на повредени лица.
На вежбата беше присутен и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, кој вежбата ја оцени како исклучително успешна.