Don't Miss
Home / Вести / Офицерскиот дом наскоро ќе ги прими првите уметници

Офицерскиот дом наскоро ќе ги прими првите уметници

Денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска оствари средба со брачната  двојка  Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски, основачи и директори на фестивалот на класична музика “Интерфест“

Брачната двојка Рибарски искажаа голема благодарност до градоначалничката за реконструкцијата на Офицерскиот дом, симболот и сонот на голем број битолчани, кои овде ги имаа своите блескави мемории на незаборавни одржани манифестации и концерти, присетувајќи се на прекрасната акустика и амбиент.

Градоначалничката Петровска истакна дека и во иднина оваа концертна сала ќе биде препознатлив белег за градот, во која врвни имиња од класичната музика ќе можат за концертираат и да се воодушевуваат на објектот- симбол на градот Битола.

На средбата беа дадени иницијативи за адаптација и понатамошно искористување на Офицерскиот дом и во функција на фестивалот Интерфест. Со завршената реконструкција на Офицерскиот дом, повторно се враќа стариот сјај на објектот –  симбол за културното живеење во градот под Пелистер. Локалната самоуправа веќе дејствува во насока на подготовка на функционалноста на објектот, а во тек е партерното уредување кое ќе овозможи соодветен пристап

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*