Вчера, околу 21:30 часот пред „Саат кула“ во Битола две непознати лица го ограбиле 62-годишниот Л.А., при што му го одзеле паричникот во кој имало лични документи и 9.390 денари.
– Еден од сторителите со чадор го удрил Л.A. во пределот на грбот, додека другиот од џебот од панталоните му го зел паричникот. Откако го извршиле делотот почнале да бегаат, а оштетениот тргнал по нив. Трчајќи ги извадиле парите од паричникот и го фрлиле на земја. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот – информираат од Министерството за внатрешни работи.