Don't Miss
Home / Вести / Опозицијата остро ја критикува Комисијата за проценка на штетите од земјтресот

Опозицијата остро ја критикува Комисијата за проценка на штетите од земјтресот

        На последната седница на Советот на општина Битола,  опозицијата остро ја критикуваше работата на Комизијата за проценка на штетите од земјотресот.

        Според советникот  на ЛДП, Валентин Груевски Комисијата за проценка на штетите од земјотресот во Битола, којшто се случи на почетокот на јануари сеуште немала излезено на терен

-Ние имавме една иницијатива во која баравме Владата да донесе заклучок со кој ќе ги обештети граѓаните веднаш по земјотресот. Денес 70 дена по донесувањето на  таа одлука  Општина Битола сеуште не започнала со проценка на штетите. Владата беше во Битола  донесе заклучок и вети  дека ќе обештети што може да се обештети, меѓутоа сеуште не е почната проценката на штети од Општина Битола. Комисијата иако на првиот ден кога зборувавме да се формира не не послушаа, после два месеци ја дополнија Комисијата, меѓутоа сеуште на терен не се излезени. Не знам дали во законскиот рок Општина Битола ќе стигни да ги процени сите штети од земјотресот“, песимист е Валентин Груевски, советник од ЛДП.

На таквите негови  критики реагираше советникот на ВМРО ДПМНЕ и заменик градоначалник на Битола,  Бојан Бојкоски, кој изјави дека Советот на општината Битола,  на  една од седниците донесе одлука за формирање на Комисија за елементарни непогоди. На последната седница истата Комисија која, што беше централна е проширена и истата е излезена на терен и повеќе од 200 проценки се направени.

Комисијата е составена од стручни лица којшто ќе направат проценка на штетите , а бројот на барања којшто се поднесени до Општина Битола е повеќе од 2.700 барања. Согласно бројот на членовите коишто ги има во комисиите и временскиот период којшто  е на располагање, од прилика за 4 месеци сите домаќинства ќе бидат посетени коишто пријавиле штета.Извештај ќе биде направен согласно методологијата која што е објавена за проценка на штети од земјотреси, која што има бројни недоречености, сите лица коишто се вклучени во проценката на штети веќе се направени обуки за нив, потоа ќе дојде извештајот што ќе биде направен од таа Комисија некаде септември или октомври ќе биде на седница на Совет,истиот ќе биде разгледан и ќе биде направена таа проценка“, рече Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Како и да е битолчани кои претрпеа штети од земјотесот се гневни затоа што  утврдувањето на штетите бавно се одвива, а многумина од нив поради настанатите штети, сега во зимскиот период, кога деновите се многу ладни, не можејки да ја чекаат Комисијата да помине да ги утврди штетите  со сопстевни средства ги санираа последиците од земјотресот, што и те како негативно се одрази на нивниот материјален статус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*