Don't Miss
Home / Вести / Опозицијата во Битола ја напушти седницата на Советот

Опозицијата во Битола ја напушти седницата на Советот

               

Опозицијата во Советот на Битола  ја напушти денешната седница на Советот.

 Опозицијата бара бара седниците на Советот да се држат со физичко присуство.

Ваквото барање на опозицијата не наиде на разбирање кај мнозинството на Советот, предводено од СДСМ.

 Претседателот  на Совеот, Валентин Груевски уверува дека  дека нема услови за седница со физичко присуство заради епидемиолошката слика и мерките за заштита

-Денеска советниците од советничката група на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата на Советот  со образложение дека седниците на Советот не можат да се држат на ЗУМ и со користење на други софтверски алатки, туку треба да бидат во живо и од наредната седница да најадиме начин дека треба да ги држиме тие седници во живо. Одговорот мој е какао некој што одговара за држењето на седниците дека седниците  на Советот во оваа ситуација, при ваква епидемиолошка состојба во Битола и со ваков број на заболени, уште е далеку од некакво нормализирање и треба да се држат на ЗУМ. изјави  претседателот на Советот,  Валентин Груевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*