Don't Miss
Home / Uncategorized / Опозицијата во Битола бара итна седница на Советот за загадувањето

Опозицијата во Битола бара итна седница на Советот за загадувањето

          

Битола ги живее деновите на најголемо аерозагадување.

Поради тоа советничката на ВМРО ДПМНЕ, д-р Олга Лозановска денеска побара свикување на итна седница на Советот,  која ќе биде посветена на загадувањето на воздухот.

-И покрај алармантната состојба со воздухот градоначалничката на Битола,  Наташа Петровска и власта што ја води оваа локална самоуправа повторно покажуваат покрај големо незнаење и неработење и голема негрижа и неодговорност за  здравјето на битолчани, истакна Олга Лозановска, која притоа подвлече дека за жал и мнозинствито во Комисијата за заштита на животната средина при Советот на општина Битола, не чуствуваат никаква одговорност кон обврските и ветувањата што ги презеде актуелната локална власт,

 Затоа, ние – советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата бараме свикување на итна седница на Советот на општина Битола и конечно да бидат преземени  следните мерки:

– интензивирање на линиите на градскиот превоз, ако треба и овозможување граѓаните бесплатно да го користат во денови во кои загадувањето е зголемено, регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје, забрана за движење на тешки товарни возила низ градот,отстранување од сообраќај на возилата кои не ги задоволуваат потребните еко стандарди – ослободување на учениците од настава и уште редица други  краткорочни мерки кои се во надлежност на Општината и градоначалничката, истакна советниката во Советот на Битола, д-р Олга Лозановска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*