Основачите на Управниот одбор на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола, предводени од претседателката Елена Хаџи Антоновска, остварија средба со градоначалникот Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела Илиевска и заменик градоначалникот Бојан Бојковски, откако вчера овој Управен одбор донесе едногласна одлука со која се прифаќа финансиската поддршка за плата и трошоци до крајот на годината понудена од страна на Општина Битола.
На состанокот беа разгледани актуелните состојби со Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј”, а градоначалникот ја потврди заложбата на општината дека до крајот на годината ќе бидат обезбедени средства, со што ќе продолжи функционалноста на оваа институција.
По објавата на „Апелот за спас на Малиот Битолски Монмартр“ на социјалните мрежи, во кој беше образложено дека Министерството за образование и наука ги укинува средствата наменети за оваа институција, општина Битола и Советот на општината застанаа зад делото на Коста Хаџи Антоновски, творецот на најголемата и најзначајна детска ликовна колонија кај нас и во светот, која 41 година е македонски бренд во светот.
Со ребалансот на буџетот, до крајот на оваа година, ќе бидат одвоени средства за исплата на плата на едно лице (технички секретар), трошоците за струја и телефон,со што ќе продолжи функционалноста на оваа институција.
Инаку УО на Детското ликовно студио ја одби поканата на Министрството за образование за средба во Министерството за решавање на проблемот кој произлезе околу финансирањето на стуидото и на Министерството за култура з апреземање на детското ликовно студио под патрнат на Центарот за култура.
Засега битолската јавност нема информации кои се причините за куршлусот меѓе Детското ликовно студио “ Кирил Методиј Битола “ и Министерството за образование и наука.
Инаку според информации на порталот на Битолски весник куршлусот настанал кога на 19 август УО на Студиото еднострано му го раскина работниот однос на Анастасиј (Таси) Хаџиантоновски и на негово место без согласност на министерството за образование и наука ја пријавиле з авработена во Детското ликовно студио Елена Хаџиантоносвка, на што се спротистави Министерството.