Don't Miss
Home / Вести / Општина Битола со повеќе активности го одбележува Меѓународниот ден на ретките болести

Општина Битола со повеќе активности го одбележува Меѓународниот ден на ретките болести

Општина Битола со поддршка и вклучување во повеќе активности, го одбележува Меѓународниот ден на ретките болести.

Во рамките на овие активности во ОУ „Коле Канински“ во Битола, се одржа едукативна трибина на тема „Ретко е да си редок“, која имаше за цел да ја подигне свеста кај учениците да станат посвесни и поемпатични кон децата кои се соочуваат со ретки болести.

На трибината, говореа Др Маргарита Камбовска, педијатар, Симона Јовеска – лице со ретка болест и Николина Петроска, родител на дете со ретка болест.

На трибината, присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој нагласи дека Општината Битола продолжува да биде поддршка за лицата кои се соочуваат со ретки болести.

Општина Битола распиша Јавен повик за финансиска поддршка на лица со ретки болести, со цел покривање на патни трошоци до болници надвор од Битола и поддршка за надминување на нивните секојдневни предизвици. Оваа мерка е наменета за лицата со ретки болести кои се наоѓаат во незавидна социјална и здравствена положба. Токму затоа, по работната средба со претставници на здруженијата на лица со ретки болести од Битола, беше согледана потребата од локална поддршка за оваа категорија граѓани и иницирав, а веќе трета година по ред се реализира активноста со која Општина Битола издвојува по еден милион денари за финансиска помош која веќе е системски вклучена во Програмата за социјална заштита на Општина Битола-рече битолскиот градоначалник Тони Коњановски, кој нагласи дека и овие три дена, Саат кулата во Битола е осветлена во боите кои симболизираат поддршка на лицата со ретки болести.

Градоначалникот Коњановски, учествуваше и во настанот за поддршка на лицата со ретки болести кој го организира Гимназијата „Јосип Броз Тито“, во соработка со Здруженијата „Живот со предизвици“ и „Хепар центар“ од Битола.

Инаку, во Општина Битола регистрирани се околу 30 лица со ретки болести, а локалната самоуправа ќе продолжи активно да ги поддржува, како преку конкретни мерки, така и преку поддршка на нивните иницијативи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*