Don't Miss
Home / Вести / Општината Битола ќе издвои 20 илјади евра за брзи тестови

Општината Битола ќе издвои 20 илјади евра за брзи тестови

             

       Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска за денешната седница на Советот, која се држи онлајн предложи Советот да донесе одлука за издвојување на 20.000 евра донација за Центарот за јавно здравје.

       Овие средства ќе бидат употребени за набавка на брзи тестови за Ковид 19.

       Инаку општината Битола во измиантиот период  веќе во два наврати извдои по 10.000 евра донации за Центарот за јавно здравје Битола.

        Првата донација во износ од 10.000 евра беше  искористена за опремување на молекуларната лабараторија за тестирање, а втората донација за набавка на елемнти за кислородна поддршка на болните кои се лекуваат во Инфективното одделение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*