Утре во дворот на црквата “ Пресвета Богородица “ во селото Трново, во организација на Матицата на иселениците, Светскиот македонски конгрес, Здружението на македоцните од Егејскиот дел на Македонија “ Македон “ и Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија – Битола, ќе се одржи 49 Семакедонска средба.
Иако и годинашната Семакедонска средба, како и сите претходни требаше да се одржи под покровителство на општината Битола, на само еден ден пред одржувањето на средбата, организаторот е известен од страна на општинската администрација дека не само што нема да земат учество на средбите и дека нема да испратат претставник, туку и дека Општината го откажува покровителството.
Причините за откажување на покровтителството било наводно поради презафатеност и не можност на градоначалничката на Битола, Наташа Петровсла да присуствува на средбата.
За утрешната средба своето учество го откажале и владини преставници, кои нема да присуствуваат на средбата.
Организаторот иако е затечен со ваквата одлука сепак одлучи да ја одржи Семакедонската средба како што велат по сите заштитни мерки и протоколи.