Општината Битола на барање на битолската јавност денеска ги објави средствата кои ги има издвоено за спонзорирање на неколкуте културни и музички настани, кои се одржаа во изминатите денови и тие кои ќе с еодржат наскоро.
Според извештајот за неколкуте културни настани и концерти Општината Битола издвоила вкупно 3.769.000.00 денари.
Од општинскиот буџет на Битола најмногу средства добила продукцијата Авалон, која за трите концерти на Амира Медуњанин, Дарко Рундек, Жељко Бебек на
“ Хераклеја “ добила 10.000 евра, или 600.000 ден. Веднаш зад Авалон е фестивалот “ Битола отворен град“, кој треба да стартува деновиве кој исто така доби 600.000 ден., па концертот на Петар Грашо со 500.000 ден.
Од другите културни и музички манифестации средства од општинската каса добиле:Камерениот оркестар, 150. 000 денари, Локум фест, 120. 000 ден. “Илинденски денови “200. 000 ден.,Џез фестивал 100. 000 ден. Фестивал на музика и вино 300.000 ден. Тра-ла-ла со камерен оркестар 150. 000 ден. Незаборав (електронска верзија) 156 000 ден. одбележување на денот на младите 120. 000 ден. 300 работи, Триста работи 300, 28. 000 денари, ИФФК Браќа Манаки 220. 000 ден. Мал битолски Монмартр 150. 000 денари. Одбележување на 60 години Македонски Научно Друштво Битола 375. 000 ден.
Во извештајот на Општината не се нагласува по кои критериуми се доделени средствата и кога беше објавен конкурсот за помагање на културните и музичките настани, во време на пандемија.