Математиката изгледа не е проблем само за Мицкоски, туку за повеќето функционери на ВМРО – ДПМНЕ.
Со денови наназад и градоначалникот Тони Коњановски и неговиот заменик Бојковски зборуваат дека во првите три месеци од годинава реализацијата на буџетот на општината била рекордна.
Ама, не кажуваат колку пари за трошење собрале во буџетот за истиот период.Ова го прават за да прикријат дека во првите три месеци од 2022 година општина Битола потроши двојно повеќе пари на граѓаните отколку што остварила приходи во буџетотм итакна на денешната прес конференција советникот на СДСМ, Борче Корлевски.
Од кварталниот извештај објавен на страницата на општината јасно се гледа дека градоначалникот Тони Коњановски и ВМРО – ДПМНЕ за само три месеци во 2022 година потрошиле точно 246.823.713 денари, а имаат приходи од точно 114.665.954 денари. Недостатокот го надополниле со парите што ги наследија во општинската каса.
Од извештајот се гледа дека првите три месеци од финансиски аспект се најлошите од кога постои Општина Битола, дури полоши и од времето на Талески. Основно правило во буџетското работење е да се троши колку што е приходот, а градоначалникот Коњановски и ВМРО – ДПМНЕ потрошиле дупло!Уште поважно е за што се трошат парите на граѓаните! Зошто во првата година нема да исполни барем едно свое ветување од изборната програма?
Во недостиг на одговори наместо прикажување на реалноста, а тоа е континуитет на веќе започнати проекти и обезбедени финансиски средства во претходните 4 години локална власт на СДСМ и коалицијата, преминаа во разобличување и манипулација во нешто лично и себе препишување на заслуга или народски кажано китење со туѓи перја.
ВМРО – ДПМНЕ се навикнати да трошат и создаваат долгови кои после друг ќе ги враќа. Вака како што тргнале, да трошат двојно повеќе од што имаат средства, до крајот на годината Општина Битола можи само да банкротира.
Затоа, ги повикуваме и градоначалникот Тони Коњановски и ВМРО –ДПМНЕ да не манипулираат со граѓаните и да не прават спинови, туку домаќински да се однесуваат со парите на граѓаните.
Готовото што го наследи ВМРО-ДПМНЕ брзо се троши! нагласи Корлевски на прес конференцијата