Don't Miss
Home / Вести / Општината одлучна да ги отстрани сите диви монтажни гаражи

Општината одлучна да ги отстрани сите диви монтажни гаражи

           

            По големата поддршка која ја доби од граѓаните на Битола, локалната самоуправа одлучи да ги отстрани сите диви монтажни гаражи кои се поставени на своја рака во Битола.

-Акцијата за отстранување на диво изградените гаражи и објекти во градот и натаму ќе се спроведува од страна на општина Битола. Бидејќи станува збор за многу локации и многу барања од страна на жителите на поголеми населби во градот, да се стави конечно ред со диво изградените гаражи и објекти, се утврдува редоследот на постапување. Како и за  гаражите зад зградата кај поранешен ЈАТ, така и за следната интервенција, битолската  јавност благовремено  ќе биде известена за отстранување на гаражите, а претходно и сопствениците на диво изградените гаражи, со цел да ги отстранат предметите кои што ги чуваат во нив, соопштија од Општина Битола.

Инаку во Битола има стотици диво поставени монтажни гаражи, а не е мал бројот и на гаражите од цврста градба, кои се поставени буквално во сите реони на градот, во кои покрај возилата се чуваат и други предмети, а некои се издаваат под кирија  за 50 евра месечно.

Локалната самоуправа на чие чело е градоначалникот Тони Коњановски одлучи  сукцесивно да ги отстрани сите диво поставени  монтажни гаражи  и тие простори да ги хортикултурно да разубави, а на некои локации да се направат нови паркинг места.

Ваквиот потег на општината, освем кај сопствениците на гаражите  наиде на  огромна поддршка кај граѓаните на Битола, кои  масовно ја поздравија акцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*