Don't Miss
Home / Вести / Остри критики на Силвана Ангелевска за посетата на Царовска

Остри критики на Силвана Ангелевска за посетата на Царовска

Денеска кандидатот за пратенк од ВМРО ДПМНЕ Силвана Ангелевска на денешната пресконференција зборуваше за посетата на Битола на вицепремиеркта Мила Царовска.

„Почитувана Мила Царовска, исцрпени се сите потреби навистина и натаму да продолжите да ја извршувате вицепремиерската функција и да покривате ресор економија, затоа што ситуацијата е очајна, економијата е еден од секторите, кој што многу лошо го менаџирате како СДСМ уште од почетокот.

Економијата госпоѓо Царовска, не можете да ја водите како невладина организација, а особено не во време на ваква пандемија. Бројките и фактите зборуваат за катастрофални резултати во економијата. Дали денес дојдовте да им кажете на битолчани за само 0.2 проценти раст на БДП во првиот квартал, за пад на извозот од 60% во месец април, 21,5% пад на извозот за првите 4 месеци оваа година, споредено со претходната година? Дојдовте денес во Битола да не охрабрите и успокоите дека за 5 месеци УЈП има потфрлање во собирањето на даноци од 25%, а 25 % изнесува и потфрлањето на наплатата на персоналниот данок? Дојдовте да ги поддржите граѓаните и стопанствениците со трите пакет економски мерки од кои никој нема фајде, дојдовте да ни дадете надеж за нови домашни и странски инвестиции во Битола и нови работни места за битолчани? Или пак можеби дојдовте со посебен пакет економски мерки да ги охрабрите дел од вработените во Кромберг & Шуберт кои се исправени пред голема неизвесност, токму заради Вашата блескава економија и Вашите “одлични и добро осмислени” економски мерки и поддршка? Не, госпоѓо Царовска, нема да бидеме неискрени и точно знаете дека по долгото отсуство, Битола и не Ви е токму најдобриот избор за некаков старт во Вашите обиди за поткуп и манипулации со граѓаните.

Во Битола не Ви поминуваат импровизациите, кон Битола и битолчани мора со внимание и почит да се однесувате. Катастрофата во менаџирањето на здравствената состојба се пресликува и во економијата. Додека економијата тоне и секојдневно Република Македонија се задолжува, вие размислувате само и само за нов изборен поткуп на нова категорија граѓани, поткуп за спас на Заев, Филипче, Дончев, Рашковски… Денеска напразно го потрошивте денот во Битола, сосема непотребно го изложувате на ризик сопственото, а и здравјето на битолчани. И на крајот, Вие почитувани мои сограѓани, бидете сигурни, дека ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, со многу работа, знаење, професионалност и заедно со Вас, може да стави крај на овој хибриден режим – крај на хаосот со здравствената криза, крај на економскиот колапс, на политичкиот прогон, поткуп и рекетирање, крај на распродавањето на личното и националното достоинство, крај на уништувањето на Битола и Македонија“, рече Силвана Ангелевска, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*