Пироманот од Долно Оризари, кој потпали казино во Битола доби осум дена притвор.
Според СВР Битола ноќеска во 02.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Т.(35) од с.Долно Оризари, битолско.
Тој се сомничи дека на 02.03.2024 околу 22.30 часот со запалива течност предизвикал пожар во казино на ул.„Лазо Трповски” во Битола.