Don't Miss
Home / Вести / Осумдесет милиони евра од грант на ЕУ достапни за ЕСМ

Осумдесет милиони евра од грант на ЕУ достапни за ЕСМ

Генералниот Директор на АД ЕСМ, м-р. Васко Ковачевски денес присуствуваше на настан по повод достапност на грантот од ЕУ од 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија, со овие неповратни средства ќе се поддржат и структурните реформи за олеснување на енергетската транзиција, АД ЕСМ изразува голема благодарност на ЕУ за финансиската поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка за малите и средните претрпијатија, за одржување на нивниот бизнис, како и за инвестиции на државата во енергетската транзиција, во обновливите извори и во енергетската ефикасност.

АД ЕСМ во јануари и февруари годинава го зголеми производството за 50 % во споредба со истиот период лани и во целост го исполнува планот за производство. Зголеменото производство на електрична енергија во Државните електрани, овозможи ЕСМ Продажба значително да ги намали набавките на струја од берзите.Паралелно, преку зголеменото производство ЕСМ обезбедува евтина струја за училиштата, образовниот процес да се одвива во училниците, за јавните комунални претпријатија преку кои граѓаните се снабдуваат со вода, како и за прехранбената индустрија.Намалувањето на цената на струјата за 20% за 72 илјади фирми кои се на регулиран пазар и задржување на цената за домаќинства на исто ниво, за оние кои рационално ја трошат електричната енергија, е само потврда на правилните политики кои ги водиме во време на енергетска криза, и тоа е вистинска грижа за најранливите категории како и за сите други останати граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*