На Клиниката во Битола во моментот се хоспитализирани 8 пациенти позитивни на ковид 19.
Ова го изјави денеска директорката на Клиничката болница Битола Билјана Гагачовска.
Според неа сите пациенти се од Струшко -Охридскиот регион, додека од Битола засега нема хоспитализирано пациент позитивен на Ковид 19.
-Во моментов на Клиниката во Битола се хоспитализирани 8 лица позитивни на ковид 19, кој што се наоѓаат во средно тешка состојба. Двајца пациенти се на кислородна поддршка, но нивната состојба е стабилна, рече Гагачовска, која притоа нагласи дека во текот на вчерашниот ден на Клиниката во Битола биле хоспитализирани вкупно 7 лица но не биле сите позитивни. Податоците од вчерашниот ден покажаа дека од нив 4 биле ковид позитиви пациенти, а тројца се суспектни. За тројцата пациенти, суспектни пристигнаа негативни резултати, а во текот на попладнето и вечерта пристигнаа уште 4 нови ковид позитивни пациенти, рече директораката на клиничката болница Билјана Гагачовска.