Don't Miss
Home / Вести / Во Новиот пазар отворен наплатен центар за плаќање сметки за јавните комунални претпријатија

Во Новиот пазар отворен наплатен центар за плаќање сметки за јавните комунални претпријатија

               

        Денеска во Битола со скромна свеченост  во Новиот градски пазар беше отворен Наплатен центар за плаќање сметки за битолските  јавни комунални претпријатија.

Во новиот наплатен центар сметките ќе можат да ги плаќаат граѓаните за ЈКП “Водовод – Битола”,  “Комуналец” и “Нискоградба” .

Во наплатниот центар граѓаните од Нова Битола  ќе можат да ги плакаат своите сметки без провизија, и благовремено ќе можат да бидат информирани за состојбата на своите комунални сметки и услуги.

Исто така, во новиот наплатен центар во Новиот  пазар граѓаните ќе можат да бидат информирани за сите поволности на своите услуги кои ги нудат трите комуналните претпријатија, како одложено плакање, плакање без провизија, пријавување на дефекти како и други услуги кои ќе можат да ги добијат во наплатниот центар.

Новиот наплатен центар го отвори градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*