Денеска на платото пред Центарот за култура Битола се одржа свечено отварање на 9-тото по ред издание на изложбата “ Со љубов од Битола 2021“
На изложбата годинава беа поместени 25 фотографи на професионалци и аматери кои ги испратија на Конкурост на кој пристигнаа повеќе од 70 фотографии ,кои ја раскажуваат приказната за Битола.
Стручното жири, во состав: Ивона Кочов, Сашо Николоски Алушевски и Александар Котевски, направи селекција и оценка на фотографиите кои пристигнаа и направија избор од 24 фотографии кои се дел од изложбата „Со љубов од Битола 2021“ и ги избра добитниците на наградите на годинешниот конкурс.
Првата награда ја освои Ангела Велјановска за фотографијата Choose Hope.
Втората награда и беше доделена на Бенита Стојмирова за фотографијата Битолска стара чаршија, додека третата награда ја освои Дражан Брачиќ за фотографијата со наслов Против секоја власт.
Жирито му додели пофалница на Кристијан Талевски за фотографијата Битола во зимска идила.