Don't Miss
Home / Вести / Пандемијата коси,а Авалон ќе организира концерти на Хераклеја

Пандемијата коси,а Авалон ќе организира концерти на Хераклеја

                  

          Во моментот кога пандемијата коси во Македонија, а во Битола секојдневно се зголемува бројот на позитивни од ковид 19, Авалон Продукција денеска соопшти дека наводно  во настојувањето да ги исполни желбите  на битолчани, во наредните денови на Хераклеја ќе организра концерти.

Авалон го најави  гостувањето во Битола на Амира Медуњанин,Дарко Рундек и Жељко Бебек.

Според соопштението на Авалон Продукција во продажба ќе бидат пуштени  600 влезници од концерт по цена од 600 денари.

             Освен спонзорите на Авалон, овие концерти ќе се реализираат и под покровителство на Општина Битола.

Од Авалон велат дека концертите ќе се одржеле под  договорените протоколи на Министерството за здравство.

Навистина чудна  е одлуката на Авалон и поддршката на локалната самоуправа за организрање на концертите.

Во моментот кога токму поради одржување на разни приватни забави, журки, масовното собирање по  дискотеки, станови, викендици, организирање на веселби,свадби, седенки… расте бројот на заболени од ковид 19 Авалон Продукција, откако не успеа да организира концерти во Скопје, одлучи, наводно од љубов кон Битола битолчани да им приреди неколку концерти со екс ју ѕвезди, кои не можат да настапуваат во Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ.

Одлуката на Авалон продукција воопшто не загрижува бидејки оваа продукција подолго време бараше Владата да ги укине мерките за организирање на концерти, а доколку тоа не се направи се закани со преселување на концертите во Србија.

Но зачудува тоа што Општината Битола се јавува како покровител на концертите и тоа во моментот кога токму поради пандемијата со ковид 19 беа и се укинати голем број културни и јавни манифесатции и кога е ограничен дури и бројот на најблиские на погребите на пкоојните од ковид 19, кои може да ги испратат на другиот свет своите најблиски.

Тоа што Авалон Продукција тврди дека на концертите ќе бидат пуштени во продажба само 600 влезници и дека концертите ке се одржат со почитување на препораките за дистанца,  се приказни за мали деца.

Јавна тајна е дека на сите такви концерти  младите не ги почитуваат мерките за заштита, не носат маски, а дистанцата е мислена именка.

Ако поради пандемијата Битола мораше да се откаже од бројни културни манифестации, кои беа далеку  помалку ризични од концертите на Авалон  и кога голем број млади лица се откажаа дури од одржувањето на своите свадбени веселби, нема да биде никаква загуба за  Битола доколку му откаже(ше) гостопримство на Авалон Продукција и на ислужените и веќе заборавени екс ју пејачи на кои не им дозволуваат да пеат ни во нивните  држави.

Оргазнирањето на концерти во вакво (не)време кога имаме масовно асимптоматско ширење на пандемијата па и според сите пропишани протоколи е доста ризично.

Затоа отворено го поставуваме прашањето кој ќе одговара доколку по тие концерти пламне заразата од ковд 19 во Битола. Кој тогаш ќе одговара. Авалон Продукција, или Општината Битола, која се јавува како покровител на концертите.

И уште нешто.

Иако многумина  не убедуваат дека наводно живеме во ново нормално време, на сите ни е јасно дека ова е најблаго речено ненормално време, во кое секој од  нас стравува за својот живот и животот на своите најблиски, кога секој стравува од секој дека е заразен од корона вирусот и кога поради непочитување на мерките, особено од младата популација по нивното олабавување човечките жртви станаа статистичка бројка.

Затоа време е да се размисли за одлуката Авалон Продукција дали  да држи концерти во Битола, а оптшината  Битола дали со пари на граѓаните да ги поддржува концертите на оваа продукциска куќа, кои можат да ја прошират заразата од ковид 19.

Ако пред неколку месеци, кога во Битола немаше ниту еден заразен, па ни покоен од ковид 19, се прекинаа сите културни и други манифестации, уверен сум дека битолчани ќе се стрпат и да не ги видат концертите на Авалон Продукција, која откако се закани дека своите концерти ќе ги пресели во Србија и кога од таму доби шут карта сега одлучи наводно за љубов на битолчани да им организира концерти со ислужени пејачи за наши услови скапи влезници од 10 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*