Во организација на Унијата на млади сили и Советот на ветерани на ВМРО- ДПМНЕ Битола, викендов, се одржа панихида во чест на легендарниот војвода, член на Битолскиот револуционерен округ Александар Турунџев. На панихидата која се одржа на гробот на војводата Турунџев во црквата Св.Недела во Битола присуствуваа околу седумдесет почитувачи на ликот и делото на Александар Турунџев.
Свежо цвеќе положија членови и потомци на семејството на Александар Турунџев, претставници на Унија на млади сили (УМС) – Битола, Комисијата за култура и Советот на ветерани на ВМРО- ДПМНЕ од Битола, претставници од Општина Битола, претставници на Здружението “Прилепски бранители“, претставници на Македонско патроитско здружение “Тодор Александров“ и други граѓани.
За ликот и делото на Александар Турунџев зборуваше историчарот Ѓорги Чекутков кој истакна дека Александар Турунџев спаѓа во плејадата на македонски револиционери од Битолксиот револуционерен округ кој пожртвувано му служел на македонскотот ослободително дело.
-Турунџев е роден во 1872 година во леринското село Горно Врбени. Потекнува од патритска фамилија и уште со формирањето на МРО во 1893 година Турнунџев се вклучува во нејзините редови најпрво како четник во четата на војводата Марко Лерински. Александар Турунџев за кратко време завзема брз од во самата хиреархиска поставеност во редовите на ТМОРО, истакна иторичарот Чекутков.
Tagged with: александар турунџев панихида унија