Паркингот кај супер маркетот “ Тинекс “ над Клиничката болница е наполно руиниран. Но иако за овој проблем е повеќе пати пишувано по се изгледа никој од локалната самоуправа не е заинтересиран истиот да се поправи.
Додека Општината Битола реди бехатон плочки во разни чикмаци во градот, од паркингот кај “ Тинекс “ секојдневно се корнат и крадат плочките, така што тој е буквално целосно руиниран.
Сега паркиногот кај “ Тинекс “ е (нај)грда слика за градот.
Поради тоа сопствениците на возилата не можат таму да паркраат па паркираат во дворот на супер маркетот.
Ова грда слика деновиве покрај битолчани ја забележуваат и големот број гости од другите градови кои доаѓаат во Битола да ги посетат своите најблиски кои се сместени на лекување во Инфективното одделение на Клиничката болница.
И покрај тоа што во неколку наврати за овој проблем е информиран одделението за комунални дејности од Општината сепак засега никој не се интересира за решавање на овој проблем.