Don't Miss
Home / Вести / Паркингот кај “Тинекс“ уништен

Паркингот кај “Тинекс“ уништен

Паркингот кај супер маркетот “ Тинекс “ кај Клиничката болница веќе не постои.

          И покрај бројните апели на жителите од тој дел на Битола да се санира паркингот, за жал никој од надлежните не презеде ништо не само да се заштити од пропаѓање  паркингот, туку и да го спречи крадењето на бехатон плочките.

          Од локалната самоуправа на Битола велат дека тие преземаат мерки само на пријава на инспекциските органи.

          Но со оглед на тоа што инспекциските органи не реагираа(т) и на пријавите на граѓаните тие не преземаат ништо, несовесните грагани ги украдоа  речиси сите бехатон плочки и сега практично кај “ Тинекс “ паркинг нема.

          Многумина велат дека тоа е  новата (не)нормалност на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*