Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола – ЈППЈЛП Битола им соопштува на граѓaните на Општина Битола дека започна со бележење на пешачките зони (зебри).
Од претпријатието апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата за безбедно движење во сообраќајот, а особено да бидат внимателни со управувањето на возилата на местата каде што се врши бележењето.