Приватната Болница „Плоднoст“ од Битола објави дека ги намалува цените за изведување на PCR тест за присуство на SARS CoV-2. „Имајќи ја во предвид моменталната состојба и моќта на пациентите во време на COVID-19 пандемијата, ние се солидаризираме со нашите пациенти и нудиме дополнителен попуст за изведување на PCR тест за присуство на SARS CoV-2“, велат од Плодност.
Сега PCR тестот чини 2500 денари за едно лице. Од „Плодност“ информираат дека нудат и фамилијарен пакет, односно цената за две лица чини 2400 денари по лице, за три лица 2300 денари по лице и за четири лица 2200 денари по лице. Резултатите од Болница „Плодност“, молекуларна лабораторија се валидни и признаени од Министерството за здравство и влегуваат во ковид статистиката на пријавени случаи во државата. Тестовите се сертифицирани и признати за патување во странство.