Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски, воведе нов стил на работа.
Тој во секое време е достапен за жителите на оваа општина и после секоја пријава од гражаните тој откако на лице место ќе се увери во вистинотоста на информацијата презема мерки.
Градоначалникот Стевановски денеска ги посети подрачните училишта на ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ во Гермијан, Бач и Живојно со цел да ја утврди состојбата во која се наоѓаат, проблемите кои ги имаат, што е потребно да се санира за да им се обезбедат услови на дечињата за непречено следење на наставата и дали постои некој проблем со греењето.
–Денеска излегов на терен за да ја утврдам фактичката состојба во која се наоѓаат овие три подрачни училишта затоа што во порака на мојата фан страна на социјалната мрежа на Facebook добив барање од родител да се замени старата и дотраена влезна врата во училиштето во с. Гермијан. Од денешната посета тоа се потврди и ќе бидат преземени мерки во најскоро време тоа да се среди, рече Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци.
Градоначалникот Стевановски е достапен за сите проблеми и потреби на жителите на Општина Новаци било на неговиот телефонски број, во непосредна средба во просториите на општината, преку пишување на пораки на фан страната на социјалните мрежи или пак преку рубриката пријави проблем на веб страната www.opstinanovaci.gov.mk.