Во Битола деновиве расте бројот на позитивните на Ковид 19.
Денеска од Министерството за здравство соопштија дека во Битола има 8 нови случаи позитивни на Ковид 19, колку то немаше кога беше Пикот на пандемијата.
И покрај тоа што Битола според бројот на вакцинирани лица од над 30.000 граѓани е во самиот врв на државата, сепак последните денови се зголемува бројот на заразени лица.
Инфективното одделение во Клиничката болница кое бидјеќи беше празно почна да се реновира повторно се полни со пацинети.
На што се должи ваквото зголемување на бројот на заразени лица во Битола засега од официјалните органи нема одговор.
Но упатените велат дека пред се тоа се должи на непочитувањето на мерките и бројните концерти, забави и свадби, кои секојдневно се прават во Битола, кога некогаш во денот има по неколку забави или концерти.
Тоа што загрижува е што на концертите не се почитуваат мерките и пропишаните протоколи па присуствуваат многу повеке присутни отколку што би требало.
Но иако тоа инспекциските орагни го гледаат не преземаат никакви мерки тоа да се спречи или санкционира.
Колку Битола стана атрактивна за српските пеачи најдобра потврда е што досега на Хераклеја концерти одржаа речсии сите најпоплуарни српски групи од Бајага и инстрктори, Хари Мати хари, Сергеј Четковиќ, Аки Ракимовски, Дадо Топиќ., а во Битола гостуваше дури и Лепа Брена, која настапи во новотворениот ноќен клуб.
За тоа каква е состојбата со одржувањето на концертите најдобро зборува што продукцијата Авалон дури ги откажа за наесен концертите закажани во Битола.
Почитувани пријатели,
Концертната сезона 2021 ќе биде запаметена по нереално многу случувања во само две недели, што придонесува одредени промени да се случуваат во од.
Па така, Авалон Продукција (во договор со менаџментот на изведувачите) одлучи следните проекти, концертите на Данијела Мартиновиќ и Ван Гог во Охрид и во Битола наместо овој викенд, да ги префрли во Скопје, за доцна есен.
Причината за оваа одлука е неверојатната хиперпродукција на концерти во Охрид и во Битола од една страна (досега незапамтена, дури и по неколку во исти денови) и апсолутно немање на никакви концертни настани во главниот град.
Се гледаме наскоро во Скопје! Стои во соопштението на Аавалон продукција.
Слично во Битола беше и минатата година кога надвор од протоколите се држеаа на Хераклеја бројни концерти на кои имаше многу повеке публика отколку што беше капацитетот на Хераклеја.