Don't Miss
Home / Вести / Петок ќе биде погребан Џеј Рамадановски

Петок ќе биде погребан Џеј Рамадановски

                   

Регионот деновиве со неверување ја дочека веста за смртта на популарниот фолк пејач Џеј Рамадановски. Тој почина во својата 56-та година, по проблеми со срцето во Белград.

Петок во Белград тој ѓе биде погрбан во Алејата на заслужните граѓани

Џеј Рамадановски  никогаш не криеше дека има македонски корени. Неговиот татко Мазлам бил роден во ресенско, а по завршувањето на Втората светска војна со семејството се преселил во Белград, во населбата Дорќол.
Мазлам бил чевлар, а во слободното време свирел кларинет во Културно уметничкото друштво ,,Никола Тесла”. Токму таму ја запознал мајката на Џеј, Барија, која работела во комуналното претпријатие ,,Зеленило”. Од нивната љубов во 1965 година се родил Џеј, и бил единственото машко дете во фамилијата Рамадановски. Родителите му се развеле кога неговиот татко решил да се пресели во Австралија. Џеј останал да живее со неговата баба по мајка, Даница, додека неговите сестри го продолжиле животот заедно со мајката.

Бидејќи западнал во лошо друштво, социјалната служба го однела во дом за малолетници, каде поминал девет години, но успеал да заврши автолакерски занает.

Големиот пресврт во неговиот живот се случил кога имал 22 години, откако започнал да пее во ,,Клубот на народњаците”. Се запознал со голем број на музичари, а судбинско било познанството со текстописецот Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Радуловиќ – Фута.

Во 1987 година со песната на Туцаковиќ, ,,Зар јас да ти ги бришам солзите” тој настапи на фестивалот МЕСАМ и неговата музичка кариера започна да се движи по угорна линија.
Тринаесет музички албуми, десетици компилации, турнеји низ светот, настапи за кои се бара влезница плус, Рамадановски речиси преку ноќ стана голема музичка ѕвезда. Сепак, и во екот на својата популарност, тој никогаш не забораваше со гордост да го спомне своето македонско потекло.

-Од таму ми е фамилијата, ја сакам Македонија, знаеше да каже во интервјуата кои ги имавме во минатото.

Соработуваше со голем број на естрадни менаџери од регионот, а пред десеттина години имаше голема турнеја со Димче Кочанковски од Димса Ентертеинмент, успешен менаџер по потекло од Битола, кој работеше со познати ѕвезди во Австралија.

-Можеби бидејќи и двајцата имаме исто потекло, затоа и така добро се согласуваме и работата ни оди како песна. Македонија е татковината на моите предци, тоа е дел од мене, од мојата душа, со гордост го кажувам тоа, и драго ми е кога имам настапи таму.
Парите мене никогаш не ми биле важни во животот, туку сакам да бидам опкружен со добри луѓе, со професионалци, да си го одработам моето и да го веселам народот. Не сакам кога наместо за моите музички достигнувања ми се поставуваат прашања од приватниот живот, почнав сам од нула и направив многу, мислам дека вреди да се пишува за тоа, а не за мојот брак, развод, па дури и за личниот живот на моите ќерки – ни изјави Џеј во интервју од пред девет години.

До 2007 година тој беше во брак со Нада, со која ги има ќерките Ана и Марија. И покрај разводот, постојано изјавуваше дека со Нада се најдобри пријатели и како таа е херојот во неговиот живот.

Пред три години имаше хируршка интервенција на срцето, и по закрепнувањето изјави дека Нада и ќерките многу му помогнале во тешкиот период.

-По Нада запознав многу жени, но ниту една не ја сакав како неа. Таа е мојата кралица – изјави Рамадановски по операцијата на срцето.

Џеј Рамадановски (29 април 1964 во Белград) Потекнува од ромско семејтво од Ресен, Македонија.

Детството го поминува во Белград со својата баба по мајка. Пристапува кон малолетничка деликвенција за што е приведуван и дел од младоста ја поминува во воспитно поправен дом за малолетници каде изучува авто-лакерски занает. По одслужувањето на воениот рок, кратко време работи во фабриката за трактори и комбајни Змај. Повторно се враќа на животот на улица и ситниот криминал. Сепак започнива хонорарно да биде ангажиран како пејач на локални и индивидуални ромски веселби, кога неговата дарба ја воочува Марина Туцаковиќ.

Својата популарност ја стекнал кон крајот на 80-тите години на 20 век, главно на просториите на Југославија и Србија. Прв забележителен настап има на меѓународниот саем на музика МЕСАМ 1987 година кога го освојува второто место на жирито и истовремено трета награда на публиката. Врвот на популарноста го достигнува во почетокот на 90-тите години кога ги снима своите најпопуларни албуми, истовремено со контронтроверзни националистични текстови за време на војната во поранешна Југославија.

Со својата поранешна сопруга Нада има две ќерки Ана и Марија. Живее во Белградската населба Дорќол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*