Don't Miss
Home / Вести / Почина Александар Поповски

Почина Александар Поповски

(1932-2022)

        Во неделата на 13 ноември 2022 година,  на деведесет годишна возраст, почина Александар Поповски, борец, партизан, учесник во Демократската армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, член на елитната младинска чета на националната сегрчка организација на младите (ЕПОН), долгогодишен активист за македонските работи, домакин, сопруг, родител, хуманист, филантроп, родољуб и патриот, претседател во повеке мандати и почесен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола.

Александар Поповски е роден на 13 февруари 1932 година во село Долно Котори, Леринско во Беломорскиот дел од Македонија. Потекнува од револуционерно семејство на сиромашни земјоделци, но големи Македонци. Неговите од семејството биле учесници во Илинденското востание.

По вракањето од Узбекистан, живее во Битола со неговата сопруга Василка и нивните деца синот Петар, сега покоен и ќерката Мирка.

       Целиот живот на Александар Поповски е борба за слобода и права на Македонците во Беломорскиот дел на Македонија, во сите делови на Македонија.

При живот, Александар Поповски е одликуван со повеке признанија. Со указ на претседателството на поранешна СФР Југославија во 1987 година Александар Поповски е одликуван со орден за заслуги за народ со сребрена звезда. Во 2000 година Александар Поповски е одликуван од Македонско-австралиското здружение на воените ветерани во Западна Австралија со орден за заслуги во борбите против фашизмот, за слобода и обединување на Македонија. 2000 година Александар Поповски е одликуван со медалот “Свети Апостол Павле” од Министерството за иселеништво на Македонија. Во 2006 година Битолски весник на Александар Поповски му доделува награда за животно дело. На 9 август 2009 година Светскиот Македонски Конгрес му го доделува највисокото семакедонско признание почесната титула Македонски сенатор. Сегрчкиот сојуз на борците од националниот отпор (ПЕЕАЕА) и Сојузот на политичките бегалци (ПЕЕПП) му доделуваат медал за храброст на Александрос Пападимитриу – Искра. Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на Александар Поповски му доделува сребрен медал “Свети Апостол Павле”.

       Александар Поповски беше претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола во повеке мандати. Беше основоположник и главен организатор на Пограничната средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Трново, Битолско. Во време на претседателствувањето на Александар Јаневски, Александар Поповски е прогласен за почесен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола.

        На 7 август 2021 година  Александар Поповски своите мемоари  ги издаде во автобиографското дело ИСКРА.

        Посмртните останки на Александар Поповски, инаку голем пријател и почитувач на Битолски весник бидат погребани  утре на Буковските гробишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*