Don't Miss
Home / Вести / Почина битолскиот карикатурист Спиро Џајко

Почина битолскиот карикатурист Спиро Џајко

                       

         Во Битола на 79 годишна вораст  почина познатиот битолски и македонски карикатурист, Спиро Џајко.

        Спиро Џајко зад себе има исклучително богата кариера  како карикатурст.

        Тој долги години беше карикатурист на Битолски весник, кој години секоја среда ја црташе “Дежурната карикатура”.

Покрај во Битолски весник тој црташе и за други весници во Македонија.

Своите први  карикатури ги објави пред пеесетина години во хумористично сатиричниот весник “Остен” и Нова Македонија.

        Покрај тоа Спиро Џајко соработуваше и со други весници не само во Македонија, туку и во соседните земји, како и во Европа.

        Тој црташе  и за  весници кои излегуваа во Хрватска, а и во Франција.

        Спиро Џајко беше карикатурист со чист и изграден цртеж, со оригинален свој стил .

         Автор е на  илјадници карикатири  кои ги објавувал во Битолски весник, Остен, Нова Македонија “Без навреда” .

Застапен  е и на стрип карикатури во Едицијата за стрип во Горни Милановац,

Автор е на стрип карикатури во Француските  и многу други весници од екс Југославија.

Пишивал и афоризми, а се занимавал и со вајарство, но неговите вајарски  надреалистички дела никогаш јавно  не ги изложил.

 Беше член на Здружението на карикатуристи на Македонија

 Спиро Џајков е добитик на награди на светската галерија.

Зад себе остави силен печат во современата  македонска политичка и еротска карикатура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*