Ловиџијата кој денеска претпладне беше ранет на лов на диви свињи во Мариово, за што пишуваше Битолски весник почина.
И покрај сите напори да биде спасен сепак тој не издржа и им подлегна на повредата од испуканиот куршум.
Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, станува збор за прилепчанецот со иницијали Ѓ.Х(25).кој бил погоден со куршум од лице од група која била на лов.
Од МВР информираат дека денеска околу пладне во полициската станица во Прилеп било пријавено дека е ранет прилепчанец кој со своите пријатели бил на лов диви свињи во Мариово.
Еден од групата ловџии, најверојатно по грешка, наместо во пленот за одстрел, пукал во својот другар.
Бидејќи теренот бил недостапен повикан беше хеликоптер за да биде извлечено телото.
Воедно ловџиите кои беа со Ѓ.Х на лов бараа помош и од Дирецијата за спасување во Битола и Горската служба, но подоцна тие одлучија самите да го симант ранетиот ловџија.
Во сооштението на СВР Битола, се вели дека денеска во 11 часот и 6 минути во прилепската полициска станица било пријавено дека во атарот на селото Витолиште, 25-годишниот прилепчанец бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од група која била на лов. Во 14,55 часот од екипа на итната медицинска помош било констатирано дека Ѓ.Х. им подлегнал на повредите, соопшти Стаматова.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, а со дополнителна истрага ќе се утврдуваат вистинските причини за овој несреќен случај.
Инаку ова е втор случај за кусо време како по грешка загинува ловџија.
Пред нешто повеќе од еден месец во селото Канино при лов загина канинецот Јове Каранфиловски (35) кој почина од повреди добиени на лов.
Тој зад себе оставил вереница, семејството се подготвувало за свадба.
Каранфиловски отишол на лов заедно со уште неколку свои пријатели, но во еден момент тој бил погоден од огнено оружје. Со тешки повреди Јове Каранфиловски бил итно однесен на клиника во Скопје, каде кусо потоа починал.
Ловџијата кој го застрела Јове Каранфиловски ја призна својата вина и тој отако претходно беше на психијатриско посматрање е пуштен да се брани од слобода.