Според информации на “Нова Македонија“ денеска рано изутрината на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола почина судскиот полицаец, Ѓорги Палашовски.
Веста за смртта на Палашовски ги потресе вработените во Основниот суд во Битола.
Тие особено се шокирани затоа што Палашовски до пред само неколку дена работел и немал никакви проблеми со здравјето.
Наводно во петокот добил покачена температура по што бил сместен во Инфективното одделение каде изутрината починал.
Инаку во Основниот суд во Битола во изолација се голем број судии, поради што судските процеси се одлагаат.