Денеска рано изутрина на 91 годишна возраст, во својот дом, по кусо боледување, почина познатиот битолски и македонски писател Владимир Костов, објавија од неговото семејство.
Владимир Костов е роден во Битола на 22 септември 1932 година. Основното и средното образование ги завршил во родниот Битола и во 1951 година се запишал на Филозофскиот факултет, група Југословенска книжевност, на “Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во 1955 година дипломирал по што се вработил во Радио-драмата на Радио Скопје.Во 1956 година се враќа во родниот Битола и почнува да работи како професор по македонски јазик во Средното ветеринарно училиште.
Во 1964 година бил избран за професор на Педагошката академија во Битола, каде работел сè до своето пензионирање.
Во 1977 година станува член на Друштвото за наука и уметност во Битола, во 1983 година член на Друштвото на писателите на Македонија, a од 1988 година член е и на Асоцијацијата на независните писатели на Македонија.
Во 2016 година избран е за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите
Во својата богата писателска кариера Владимир Костов напишал броји дела. Има објавено 18 романи, 10 збирки новели и раскази и 8 книги за деца и млади.
Во антологијата на македонскиот роман е застапен со романот „Нов ум“. Ја напишал Свадбата на Мара“, со која Народниот театар Битола Стериино позорје во Нови Сад ги освои сите награди.
Ги напишал делата: Грешниот Захарија, Црквичето Четириесет маченици во Битола“ романите Лица со маски, Нов ум,Учителот, Вујко, Клетва,Последното целивание, Грешка,Битолски триод,Сениште во град Битола,Битолска хроника – обителска трагедија,Тане,Писание за Страшниот суд.
Костов ги напишал и расказите:Ах, бре,Шумата ечеше, Грешниот Захарие,Тестамент,Чума,Келешот,Маргарит и други.
За своето огромно творештво добитник е на бројни награди меѓу кои „4 Ноември“ на градот Битола,„11 Октомври“,1 Мај,Рациново признание“,Ванчо Николески и признанието на Битолски весник за трајни вредности.
Погребот на Владимир Костов ќе се изврши утре на Светонеделските гробишта.