Вработен од битолскиот затвор, на возраст од 47 години почина во Клиничката болница во Битола од Ковид-19.
Ова го изјави директорката на Клиничката болница во Битола, д-р Билјана Гагачовска.
Притоа таа изјави дека во битолскиот затвор позитивни на Ковид 19 се 16 осуденици, кои имаат лесни симптоми, а едно лице е примено да се лекува во битолската болница.
-Пациентот беше примен во тешка состојба со добиен податок дека десеттина дена имал симптоми. Примен е на 24 декември поради влошена состојба и пад на сатурацијата. Иако му беше дадена соодветна терапија и преземени лекарски мерки, пациентот почина утрото на 25 декември“, ни изјави д-р Гагачовска.
Директорот на битолскиот затвор, Драган Крајовски ни поврди дека се тестирани 20 осуденици од кои 16 покажале дека се позитивни на вирусот.
За сите нив предложено е лекување во домашни услови со редовни контроли од медицински персонал.