Резултатот на 66-годишниот маж од Битола кај кој постмртно е земен брис за тест на Ковид – 19 е негативен, соопшти Министерството за здравство.
Мажот на возраст од 66 години, кој на 30.03 од страна на МВР при извршување на рутинска контола на лице во домашна изолација, беше пронајден починат во својот стан во Битола е негативен на коронавирусот. Брисот беше земен истиот ден од страна на Центарот за јавно здравје во Битола и испратен во Скопје на анализа. Починатиот, по враќање од Англија бил во 14 дневна изолација, а истата требала да заврши на 30 март. Од познати комобирдитети, имал дијабет и хипертензија, наведуваат од Министерството за здравство