Don't Miss
Home / Вести / Почна асфалтирањето на “Партизанска“

Почна асфалтирањето на “Партизанска“

           

        Денеска почна асфалтирањето на улицата “Партизанска “ во Битола.

        По завршувањето на инфраструктурните работи и промента на водоводната мрежа, како и канализацијата,  денеска градежната  фирма БВ груп  од Радовиш  почна со асфалтирање на улицата “Партизанска“

        Според збровите на изведувачот новиот асфалт на “ Партизанска “ ќе биде поставен денеска и утре.

Инаку реконструкцијата на ул. „Партизанска“ се одвива од потегот кај  кружниот тек во Нова Битола, кај “Веро “ до раскрсницата со ул. „Методија Андонов Ченто“, во должина од 730 метри.

        Инвестицијата чини  вкупно 581.000 евра, од кои  355.000  евра се  средства  од буџетот на Општина Битола. а 26.000 на Министерството за транспорт и врски.

        Реконструкцијата на “ Партизанска “ почна на 18.06.  оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*