Don't Miss
Home / Вести / Почна изградбата на новиот противпожарен дом во Битола

Почна изградбата на новиот противпожарен дом во Битола

Капиталниот проект за изградба на нов противпожарен дом, кој го најави градоначалникот Тони Коњановски, како еден од најголемите приоритети на оваа локална самоуправа, денес започна да се реализира. Се руши стариот магацински простор во поранешната касарна, на чие место ќе биде изграден противпожарниот дом.

Градоначалникот Коњановски, заедно со стручните служби од општината изврши увид на почетните активности, со кои теренот ќе биде подготвен, веднаш да започне изградбата на новиот објект кој согласно проектната документација предвидува 1600 м² новоизградена површина. Објектот ќе ги исполнува современите стандарди за ваква градба, ќе има приземје, кат, гаража и простор за седум противпожарни возила и ќе овозможи соодветни услови за вработените во територијалната противпожарна единица, која го покрива регионот на општините Битола, Новаци и Могила.

Вкупната вредност на склучениот договор за изградба на новиот противпожарен дом изнесува 52.824.773 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*