Денеска, рано изутрина во пунктот на спортската сала на медицинскито училиште “ Д-р Јован Калаузи“ во Битола почна масовната вакцинација во Битола.
Првиот ден за вакцинација беа пријавени 910 граѓани . Во овој пункт во Битола како регионален ќе се вакцинираат граѓани од Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.
Досега во ситемот за вакцинација за овој пункт во Битола пријавени се околу 18.000 граѓани.
Инаку процесот на вакцинација се одвиваш без никакви проблеми.